Бездомно куче од Бразил стана планетарен хит откако медиумите во земјата ја објавија приказната за неговото појавување на ветеринар. Кучето само се појавило на врата од ветеринарната амбуланта и од вработените побарало помош покажувајќи ја ногата која го болела.
„Кога влезе, ја крена повредената шепа како да не поздравува, односно да ни покаже каде го боли. Бевме изненадени од тоа што кучето некако знаело каде треба да побара помош“ – вели ветеринарката Дајсе Фереира кој му помогнала на кучето.
По брзиот преглед, ветеринарката констатирала дека ногата не му е сериозно повредена, но како што раскажува, кучето имало среќа што дошло затоа што имало мал турор и било прекриено со болви. За среќа, два проблеми се решливи вели Фереира.
Ветеринирката го искапела кучето и му ја дала потребната терапија. Се чини дека бајката на ова паметно куче почнува затоа што веднаш по објавувањето на приказната пристигнале одгромен број понуди за вдомување.