ВИДЕО: Колку „ајфони“ се потребни за да се запре куршум?

Од:

Ниту еден друг мобилен телефон не бил толку подложен на тортура како „ајфон“. Многумина испитувале дали може да издржи паѓање на бетон, во вода, оган… Сепак, сигурни податоци „за отпорност на муниција“ нема.

Верувале или не, момчињата кои објавуаат видео – снимки на Јутјуб  под наслов EverythingApplePro имаат одговор и на прашањето колку „ајфони“ се потребни за да се запре куршум од пушка „AК-74“.

Во тестот се наредени модели од  „ајфон 6+“ и за секој случај „samsung galaksi S6 – вкупно осум паметни телефони.

Тие не очекуваа куршумот да пробие повеќе од четири телефони, но првиот куршум беше запрен дури од петтиот телефон. Кога целеа кон центарот на уредот, за истиот испукан куршум од исто растојание сепак беше потребен еден телефон повеќе.

За да ви го спасат телефоните животот доколку некој пука во вашиот правец, во џебот морате да имате пет „ајфони“, порача авторот на снимката.

„Важноста“ на овој тест најдобро ја опиша еден корисник кој напиша дека ќе се обрати до компанијата „Епл“ со барање да го реши проблемот во „ios 9“ затоа што на него секогаш пукаат токму од пушката „Ak74“.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ