Патниците во авионот „Американ Ерлајнс“ на летот од Мајами до Тампа на Флорида снимиле жена која во текот на целиот лет гласно врескала „Боже, ти си мој спасител“, сериозно ставајќи ги на проба живците на нејзините сопатници.
Екипажот на авионот не и обратиле посебно внимание, туку само ги замолиле другите патници физички да ја спречат доколку се обиде да оди во задниот дел на авионот и да ја отвори вратата.
Патникот кој го снимил случувањето и ја објави снимката на Јутјуб, Рид Стенли, тврди дека жената прво сите сопатници ги замолила да се молат за неа, затоа што неодамна починала мајка и.
После тоа, застанала меѓу седишата и раскажувала за тоа, а потоа на нејзиниот седиште околу 20 минути од почетокот на летот почна многу гласно почнала да вика „Боже, ти си мој спасител“, повторувајќи ги тие зборови како мантра.
Другите патници се обидувале да не обрнуваат внимание, освен еден човек кој седел веднаш покрај неа и кој за цело време се трудел да ја смири, зборувајќи и тивко тапкајќи ја по раката.
Поради тоа го извлече подебелиот крај: во еден момент жената се свртела кон него и се развикала: „Еб…те, не допирај ме“ . После тоа со помали прекини, продолжила со нејзиното плачење се додека Бог на крајот не се смилувал на другите патници и гласот од звучникот објавил дека авионот слетува.