Популарниот газиран пијалак „Кока-Кола“, кој се појавил на пазарот во 1886 година, денеска е толку раширен ширум светот, па многумина сметаат дека речиси и нема човек во развиените земји што го нема пробано.
Но, дури и во САД, каде „Кока-Колата“ се третира како составен дел на секој оброк, постојат луѓе кои никогаш не го вкусиле овој пијалак.
Ако може да му се верува на BuzzFeed, меѓу нив се и четворица Американци, чие прво искуство со газираниот пијалак е документирано со видео запис, кој се шири по социјалните мрежи.
И додека импресиите се поделени, интересен е коментарот на една од двете девојки по првото вкусување на „Кока-Кола“: „Не ми е јасно зошто луѓето го пијат ова“.