Дали некогаш сте се запрашале како слепите лица ја доживуваат убавината? На видео записот, кој што е поставен на „Јутјуб“, тие зборуваат за тоа што за нив претставува убавина.
-Песната на птиците, шумот на океанот, мирисот на колачот, чувството кое го имате кога боси шетате по трева. Тоа се чувствата кои животот го прават преубав- се одговорите на дел од анкетираните од оваа категорија на луѓе.
Сепак ставот на еден испитаник остава посебен впечаток на луѓето, кои го имаат видено овој запис.
-Губитокот на видот е благослов. Не ми е грижа за нечија националност, или дали лицето е високо. Некој е убав доколку е искрен кон себе- вели тој.
И одговорот на една од анкетираните жени исто така предизвикува солзи на очите кај многумина.
-Имам три деца. Иако никогаш не сум ги видела, тие за мене се најубави. Знам дека се убави од внатре-одговорила таа.
Е. Г.