Откако стапија во сила мерките за заштита од коронавирусот, професионалните атлетичари најдоа алтернативи како да ја одржат формата и да бидат флексибилни во време кога од нив се бара да бидат затворени дома.
Како места за вежбање тие најчесто ги користат дневните простории, терпезариите, балконите па дури и семејните плевни.
Атлетичарите со недели тренираат во домашни непрофесионални услови и се надеваат дека наскоро ќе можат да се натпреваруваат и потајно веруваат дека Меѓународниот комитет за олимписки игри ќе ја промени одлуката за оддржување на игрите оваа година, иако истиот донесе веќе одлука во која стои дека Олимпијадата се одложува за 2021 година.
Во видеото се појавуваат шест врвни спортисти од различни делови на светот, а со нив се разговара за тоа како тие остануваат здрави, активни и подготвени за нови натпревари додека се наоѓаат во домашна изолација, пренесува „Квартц“.