По првпат во историјата научниците снимиле јазовец кој закопува мрша на една крава.
Иако се знае дека јазовците ги закопуваат залихите од храна, никој немаше претстава дека ова животно може да „закопа“ четири пати поголема мрша.
Неверојатната снимка забележана е од истражувачите од Јута кои велат дека никогаш порано не е забележано вакво однесување на јазовец.
Животното во текот на пет ноќи малку по малку ја закопувал мршата, тешка околу 23 килограми, а потоа две недели помина во својата јама пред да почне повремено да се враќа до својот „фрижидер“.
Тие ги закопуваат мршите, не само за да ги сокријат од другите ѕверови, туку и подолго да им траат.