Еден земјоделец од јужниот дел на индиската сојузна држава Керала успеал со голи раце да истисне две кози од стомакот на една змија-питон.
Како што јави британскиот весник „Дејли Мејл“, храбриот Индиец успеал да ја спаси само едната коза, додека другата веќе била задушена кога ја истиснал од опасната ѕверка.
Козите се еден од главните извори на приходи на жителите во јужниот дел на Керала, па тие не се откажуваат така лесно од овие животни, што може да се види и од снимката за храбриот подвиг на индискиот змјооделец која е објавена на социјалните мрежи.