Тим Фрид (45) од Милвоки тврди дека е имун на отров на змија, а тоа и го докажал пуштајќи
смртоносна црна мамба да го касне. Фрид вели дека имунитетот го изградил со тек на време, а досега го каснале околу 100 змии. Своето постепено навикнуање на отровот на змија, Фрид рече дека го развил така што себе си си вбризгувал разреден отров кој сега му овозможува да преживее на каснување од црна мамба, чиј отров инаку убива во рок од 20 минути.
На Фрид не му преставува проблем ни каснувањето на кобра и други смртоносни змии, а со своите акции се надева дека ќе помогне во развојот на противотровот.
– Кога луѓето ќе ме видат ова да го работам, обично пцујат и ме прашуваат дали ќе умрам. Сликите се доказ на мојот имунитет, тоа е единствениот начин на кој луѓето ќе можат да ми поверуваат. Една работа е себе си да си вбризгаш отров на змија, меѓутоа сосема е друго кога ќе пуштите вистинска змија да ве касне за рака, објасни Фрид.
Фрид во текот на долг период зема разреден змиски отров и на тој начин го зајакнува градењето антитела во својот организам. Сепак, му се појавиле и нус појави, како јака алергиска реакција која предизвикува големи отоци и потешкотии во дишењето.
– Јас се надевам дека со овој проект ќе успеам да помогнам во развивањето на вакцина, која би можела да им помогне на 125.000 луѓе, кои секоја година умираат од каснување на змии, рече Фрид.