Холандскиот производител на пиво Хајнекен го претстави своето ново „паметно“ пакување „Хајнекен игнајт“.
Хајнекен на „ЈуТјуб“ објави видео што покажува како би изгледале ноќните клубови во иднина со помош на новoто шише „игнајт“.
Новото интерактивно шише, освен што содржи пиво, има и вграден сензор што реагира на движење и свети кога со неа ќе се наздрави. Новата амбалажа содржи и софтвер кој светлината што ја произведува ја синхронизира со музиката во клубот.
Се уште не е познато кога новото шише ќе се појави на пазарот. Еден од претставниците на компанијата за „Хафингтон пост“ изјави дека првите информации за тоа ќе бидат објавени за неколку месеци.