ВИДЕО: Го врзал крадецот, го оставил на тревникот и заминал на работа

Од:

Кога маж од Оклахома фатил крадец на дело, сторил нешто што не е баш вообичано. Го нападнал, го соборил на земја, квалитетно го врзал, оставајќи го на тревникот во незгодна положба да ги дочека полицајците и ноншалантно заминал на работа за да не задоцни.

– Се однесуваше како супер јунак, изјави неговата бремена сопруга Денај Хјустон и додаде дека е многу горда на својот сопруг.

Брачниот пар Хјустон во текот на ноќта бил разбуден од звук на кршење на прозорец.

Потоа слушнале звуци, кои доаѓале од гаражата, а сопругот застанал покрај вратата и го почекал крадецот „да си ја заврши работата“. Откако се појавил Хјустон го нападнал, го соборил на земја и го врзал.

Крадецот, подоцна идентификуван како Роберт Кол, очигледно не бил подготвен за овој ненадеен напад, а мажот чие име полицијата не го открила и кажал на сопругата да внимава на крадецот додека да пристигнат полицајците, бидејќи тој доцни на работа.

Кол е уапсен и обвинет за кражба, а фотографиите од тревникот го обиколија светот.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ