Кога маж од Оклахома фатил крадец на дело, сторил нешто што не е баш вообичано. Го нападнал, го соборил на земја, квалитетно го врзал, оставајќи го на тревникот во незгодна положба да ги дочека полицајците и ноншалантно заминал на работа за да не задоцни.
– Се однесуваше како супер јунак, изјави неговата бремена сопруга Денај Хјустон и додаде дека е многу горда на својот сопруг.
Брачниот пар Хјустон во текот на ноќта бил разбуден од звук на кршење на прозорец.
Потоа слушнале звуци, кои доаѓале од гаражата, а сопругот застанал покрај вратата и го почекал крадецот „да си ја заврши работата“. Откако се појавил Хјустон го нападнал, го соборил на земја и го врзал.
Крадецот, подоцна идентификуван како Роберт Кол, очигледно не бил подготвен за овој ненадеен напад, а мажот чие име полицијата не го открила и кажал на сопругата да внимава на крадецот додека да пристигнат полицајците, бидејќи тој доцни на работа.
Кол е уапсен и обвинет за кражба, а фотографиите од тревникот го обиколија светот.