Новинарката Кортни Фрајил се јавила од терен, заради пожар во близина на Лос Анџелес, па во рамките на таа вест, ги запирала минувачите и им поставувале прашања. Еден од тие минувачи било момче, голо до појас, со куче во рацете.
– Живеете ли во близина, го прашала новинариката момчето кое збунето застанало и веднаш рекол дека Кортни е „суперубава“ и ја поканил на состанок. Новинарката ништо за тоа не искоментирала, туку се обиде да му го сврти вниманието дека е во живо на телевизија.
На прашањето што мисли за пожарот, момчето на крајот рече дека е „кул“.