Француско-канадскиот фотограф Улрик Колет во својата серија „Генетски портрети“ фотографира двајца членови од едно семејството, а потоа ги спојува половините од нивите лица за да направи еден портрет.
Идејата за проектот му дошла кога го фотографирал неговиот седумгодишен син и посакал не некој начин да ја овековечи својата фасцинираност од генетиката.
– Се обидував нешто сосема друго со друг проект и во тој процес настана првиот ваков проект. Потоа се обидов да ја направам истата работа со некои други членови од семејството и новиот проект беше роден, вели тој.
– Најчесто ме изненадуваат портретите на кои се прикажани браќа или сестри. Понекогаш изгледа дека воопшто не наликуваат едни на други, но ако го уловите вистинскиот израз на лицето, совршено се совпаѓаат, додаде тој.