Снаодлив галеб успева да украде туна-сендвич од продавница во Абердин. На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа како галебот влегува во продавницата, го зема сендвичот и си заминува.
Снимката ја направила девојка која случајно била пред продавницата во моментот кога галебот познат како Гас го зел сендвичот.
Британските медиуми пишуваат дека ова не е првпат Гас да влегува и да зема храна во продавницата. Истата девојка го снимила и во март годинава како зема храна од истиот супермаркет.