ОЈО: Уапсен разбојник кој со соработници ограби продавница во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело тешка кражба. Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во затворен маркет на улицата „Востаничка“ во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или се во вкупна вредност од 285.000 денари.

„Со возило пристигнале пред маркетот, со употреба на погоден алат – хебла, клешти и друго делувале врз влезната врата од маркетот, но не успеале да ја отворат. Еден од сторителите го стартувал возилото и удрил со задниот дел, кршејќи ги двете лизгачки врати. Потоа заедно со останатите осомничени ги демонтирале и ги поставиле покрај влезот од маркетот. Преку така направениот отвор сега осомничениот заедно со другите лица влегол во просторијата наменета за вработени, од каде го одзеле металниот сеф со дневен промет и цигарите, па заминале во непознат правец. Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Полицијата работи на откривање на неговите соучесници“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од грабежот во скопско Црниче, крадците го изнесуваат сефот

Орце Костов

ВИДЕО: Галеб краде сендвич од супермаркет во Шкотска

Катерина Ѓуровски

Украден сеф со 84.000 денари во Миладиновци

А1он

ВИДЕО: Огромен гуштер ги преплаши купувачите во продавница

Катерина Ѓуровски

Кина сè уште молчи за исчезнувањето на шефот на Интерпол