ВИДЕО: Гаф на водителка на Би-Би-Си: За секунда од насмевка до „кисел“ израз на лицето

Од:

Британската ТВ водителка Венди Харел, која моментно работи како „девојка за прогноза на времето“ на Би-Би-Си, со својот гаф за неколку часа стана огромен хит на интернет.

Мислејќи дека камерата е исклучена и повеќе не снима, Харел својата широка насмевка моментно ја заменила со превртување на очите.

Сето ова се случило во вечерните вести во понеделникот, а до денеска снимката од нејзината промена на расположението го преплави интернетот.

Триесет и едногодишната водителка на овој начин предизвика голем број коментари за тоа што ја натерало на таквата промена на расположението, а најчести биле оние дека превртувањето со очите било наменето за нејзината колешка Риз Лејтиф.

Но, Венди набрзо напиша на Твитер дека „превртувала со очите бидејќи морала да ја чита целата прогноза без да може да ја види графиката и тоа воопшто не било упатено кон Риз“.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ