Ти благодарам што ме пронајде, и рече во емотивното видео Барбара Џо Ковен на нејзината мајка, Кенди Вагнер (62) откако се прегрнаа првпат.
Кенди ја родила на само 14 години и ја дала на посвојување затоа што не можела да се грижи за неа. После средното образование се запишала на факултет и подоцна основала семејство, но никогаш не ја заборавила ќерката Барбара, од која мораше да се откаже заради тешките животни услови, јави ABC News.
Потрага по својата ќерка Кенди почнала во 1996 година, а ја пронајде ова лето. Мајката и ќерката биле пресреќни што најпосле се нашле. Кенди откри дека персоналот од болницата во Квинс после породувањето не и дозволил да ја држи ќерка си во прегратки и дека овој момент го чекала целиот живот.
– Знаев да застанам пред туш и додека водата течеше, разговарав на глас со својата ќерка. Си ветив себеси дека еден ден ќе ја пронајдам. Мислам дека сега во тоа успеав, рече Кенди.