ВИДЕО: Една необичаена кампања против алкохолизмот

Од:

После напорниот ден, вредните Јапонци сакаат да се опуштат. Но се повеќе се опуштаат со многу алкохол, па се почесто знаат да се онесвестат на улица и така таму да спијат до наредниот ден, пишува Метро.

Загрижени поради ваквите чести глетки, вработените од најголемиот синџир на барови во Јапонија „Yaoccho“, одлучиле да покренат кампања „nomisugi“, што значи – премногу пијан.

Кога ќе видат пијано лице како спие на улица околу него залепуваат бела леплива лента и покрај него го ставаат своето лого „nomisugi“ и ги охрабруваат минувачите така означениот пијан човек да го фотографираат и ја објават фотографијата на социјалните мрежи со хаштаг #nomisugi.

На тој начин пијаниот е јавно засрамен, а токму тоа е ударот кој би можел да помогне во запирањето на претерано конзумирање алкохол.

– Јапонците имаат големо чувство за чест и ова е начин да ги засрамиме за да го променат својот однос кон алкохолот, рече потпаролот на групата.

Би можело да ве интересира

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

64-годишен возел велосипед со 4,61 промили алкохол во крвта

Петнаесетгодишно девојче од Русија на забавата испила силен алкохол, следниот ден починала

Хрватска има околу 250.000 зависници од алкохол

99 санкционирани возачи во Скопје, 28 под дејство на алкохол

Путин загрижен: Руски функционери се свртеа кон алкохол поради менување на текот на војната во Украина

А1он