На социјалните мрежи, се појави снимка од автомобил како вози во спротивен правец во лентата за запирање на автопатот недалеку од Сараево.
Prelijepo pic.twitter.com/s46TVkc57S
— Dr Kova (@Kovenzi) March 6, 2021
Оваа опасна ситуација граѓаните ја пријавиле во сараевската полиција, меѓутоа, како што пишуваат босанските медиуми, патролата што излегла на терен не го пронашла арогантниот возач.
Бидејќи полицијата не била присутна на лице место кога се случил прекршокот, нема информации за автомобилот или идентитетот на возачот, па можно е ваквото опасно однесуваее да остане неказнето.