Низ прашките улици се случи необична потера, кога неколкумина полицајци бркаа дива свиња, која ја преплива реката Влтава, го скрши стаклото на елитниот хотел со пет ѕвезди „Хилтон“ и трчаше загрозувајќи ги пешаците, јави дописникот на МИА од Прага.
Дивото животно, откако речиси два часа трчаше низ Прага беше успано и уловено.
– Во населбата Прага 10, се случи голема битка за безбедноста на случајните минувачи, полицајци и прасето. Кога полицајците го забележале прасето трчало кон една жена со количка, но полицијата реагирала и ништо не се случило, изјави полицискиот претставник Милена Ближњакова.
Дивата свиња трчала низ неколку населби се додека не влегла во една градина каде била фатена во замка.
Според полицијата, често се случува шумско животно да залута во населено место, но така често тоа не предизвикува таква бркотница.