ВИДЕО: Дијамантски венчален прстен продаден за милион долари

Од:

Прстен со дијамант од 25 карати, беше продаден на аукција во Сиднеј, Австралија, за рекордни 1,25 милиони австралиски долари.

Имено, најголемиот дијамант пронајден во Австралија стана и најскапиот драгоцен камен досега продаден во земјата. Квадратниот дијамант бил исечен од груб дијамант тежок 47.961 карати.

Според раководителот на одделот за накит на аукциската куќа „Леонард Џоел“ – Хамиш Шарма, продадениот дијамант е уникатно редок, можеби и единствен од ваков вид. – Неговата големина од 25 карати е неверојатна и има совршен квалитет на дијамант, рече Шарма.

И претходниот рекорд на Австралија беше поставен во Сиднеј, 2002 година, кога дијамантски прстен од 17,34 карати беше продаден, исто така, на наддавање во „Леонард Џоел“ за 575.000 австралиски долари. Според извештајот на Австралиското здружение на продавачи на свадбени предмети, како што пренесува порталот „9 њуз“, граѓаните во просек трошат 5.367 австралиски долари за една бурма.

Би можело да ве интересира

Дијамантите повторно поштедени од европските санкции врз Русија

Бараат да им го вратат дијамантот: „Срамно сме сиромашни и со криминалци, виновни се Кралицата и нејзините предци“

А1он

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он