Комичарот Џон Лажој започна необична кампања со една цел – тој сака да стане безобразно богат. Планот на Џон е едноставен, тој сака луѓето да му даваат пари за да стане уште побогат, отколку што е во моментов. Негова цел е да собере 500 милиони долари.
– Откако видов како корисниците на интернет со своите пари помагаат идеите на другите да им успеат, не можев а да не помислам: што ако, наместо да се потпрам на традиционалните начини на стекнување богатство, соберам нешто на друг начин? Што би се случило кога од своите фанови би побарал пари, прашува Лажој во видеото кое е дел од неговата кампања.
– Кога би ми ги дале вашите тешко заработени пари, би станал безобразно богат без притисокот кој работата го носи со себе, изјави тој.
Иако оваа кампања хипотетички бара пари, постои систем на награди. Во зависност од тоа колку донирате, можете да добиете апсолутно ништо, потоа видео на Лажој во кое тој е згрозен од вашиот Фејсбук профил или можност да се пофалите дека сте го запознале – иако тоа никогаш не се случило.