На социјалните мрежи се појави неверојатна видео снимка на која е прикажано како морско „чудовиште“ во еден залак проголтува ајкула.
Видеото е снимено на брегот на Флорида, а на него на почетокот се гледа воодушевен човек кој штотуку уловил ајкула долга 1,5 метри.
Но, по кусата возбуда, следува целосно изненадување кога одеднаш од океанот излегува огромна риба позната под името „Пацифички Голијат“. Оваа гигантска риба е во „сродство“ со огромната „Атлантска риба“, и долго време се сметаше дека се работи за ист вид, но генетското истражување во 2010 година покажа дека всушност тоа се две различни риби.
„Пацифичкиот Голијат“ е поголем од „Атлантската риба“ и може да порасне и до 3,5 метри. Овој вид риба препознатлив по големата уста со смртоносно отровни заби. Покрај тоа, таа го голта својот плен со помош на жабрите кои имаат голема моќ на вшмукување.
„Пацифичкиот Голијат“ ретко преминува тежината од 400 килограми, а всушност неговата големина и тежина се причината поради која денес е скоро изумрен вид. Природо-научниот музеј во Флорида наведува дека во изминатите десет години, бројноста на оваа риба е намалена за 80 отсто.
Во својата објава на Редит, ловецот на ајкулата „Пацифичкиот Голијат“ го нарекува „чудовиште кое му го украло пленот“.