ВИДЕО: Четири години водел двоен живот за да ја изненади мајка му

Од:

Лиам Блер (31) и подготви неверојатно изненадување на неговата мајка Ронда, кога ја одвел во еден ресторан и таму облечен во свечена одора и соопштил дека во последните четири години студирал психологија без нејзино знаење и дека тоа попладне ќе дипломира.

Шкотлаѓанец сето тоа го симил и го објавил на Јутјуб, а видеото веднаш почна да се шири по социјалните мрежи.

– Идејата на почетокот беше да не и откријам се додека не се запишам на факултет, но потоа малку се развлече, се пошегува Блер.

Тој четири години водел двоен живот и дури ја уверувал неговата мајка дека работи во една фабрика за преработка на риби.

– Стануваше се побизарно, а лагите стануваат се позамрсени. Тврдев дека работам различни работи и дека претстојувам во хотел во Перт, а стана навистина комплицирано кога почна да ме распрашува за колегите од работа, раскажува Блаир, кој за психлогија се одлучил бидејќи повеќемина негови многу блиски луѓе боледуваат од психички болести.

Изненадувањето било уште поголемо затоа што Лиам претходно веќе студирал, но го напуштил факултетот за да се посвети на музиката, со што ја разочарал неговата мајка.

– Ронда беше воодушевена. Четири години зборуваше: Место да учи, губи време во фабриката. За неа ова беше голем шок и убаво изненадување, изјави баба му на Лиам, Агнес Героу.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ