(ВИДЕО) Бизарни тврдења на професор од Оксфорд: Вонземјаните веќе се размножуваат со луѓе на земјата

Од:

Еден професор од Оксфорд вели дека вонземјаните веќе се парат со луѓе за да произведат нов хибриден вид способен да се справи со климатските промени.

Др. Ши, професор на ориенталниот институт на Оксфорд, верува дека новиот вид може да ја спаси човечката раса од заканата од глобалното затоплување. Др. Ши рече дека постои силна врска меѓу климатските промени и вонземските киднапирања.

Во неговата нова книга, Вонземски посети и крајот на човештвото, професорот објаснува дека вонземјаните напредуваат во сопствените биосистеми и не можеме да го видиме тоа бидејќи сме ограничени од функционалноста на нашите органи.

Во книгата тој опиша четири видови на вонземјани – мали, високи и храбри, со очи налик на змии и инсекти.

Тој додаде дека суштествата слични на бубачки се веројатно лидери, и дека други видови ги следат нивните инструкции. Во 2012 година, тој одржа предавање наречено “Киднапирање на вонземјаните и еколошката криза”, оправдувајќи ја неговата теорија за невидливиот свет. Предавањето започна со зборовите: “Можеби човечката цивилизација е близу до својот крај”.

– Повеќе или помалку, може да се претпостави дека хибридниот проект е одговор на оваа претстојната смрт на човечката цивилизација – рече тој и додаде дека “тој сè уште бара докази за да го поддржи неговото размислување.

Неодамна тој му се обрати на Оксфордскиот дебатен клуб за да го разгледа ова прашање, но беше одбиен.

Би можело да ве интересира

Лекарите ја завршија анализата на наводните вонземјани, нивните заклучоци ја искомплицираа ситуацијата

Предраг Петровиќ

Американската влада отвора нова канцеларија за следење на вонземјаните

ВИДЕО: Жена со години јаде камења, досега изела над 1.360 килограми

Ана Ололовска

Бизарна смрт во Барселона – човек загинал барајќи си го телефонот во скулптура на диносаурус

Жарко Настоски

Индиска двојка за три години се селела 18 пати поради фобија од лебарки

Ана Ололовска

На денот на свадбата свекрвата дознала дека снаата и е родена ќерка

Ана Ололовска