ВИДЕО: Жена со години јаде камења, досега изела над 1.360 килограми

Од:

Медицинската работничка, 45-годишната Тереза ​​Виденер од Бедфорд, Вирџинија, со години страдала од болеста Пика, која се манифестира така што човек јаде чудни предмети, вклучувајќи сунѓери, сапуни, но и камења.

Тереза ​​јаде повеќе од еден килограм камења секоја недела, а во текот на животот изела над 1.360 килограми камења, што е еднакво на тежината на кит.

Кога деновите и се тешки, Тереза ​​посегнува по грст песок и камчиња кои ги крие во посебен кујнски шкаф. Другите заболени од Пика јадат сè – од сапуни и сунѓери до сијалици. Ова е јасно поврзано со емоциите.

– Ако се чувствувам лошо, јадам многу повеќе бидејќи тоа ме теши – вели таа.

– За утеха, тие се таму кога сум нервозна – објаснува таа.

Тереза ​​избира помеки и покршливи карпи за кои знае дека лесно може да се распарчат. Ги собира додека шета низ маало. Таа ги избира оние што најмногу и се допаѓаат. Истакнува дека ѝ се допаѓа нивниот земјен вкус.

Таа ги џвака своите „десерти“ само со едната страна од забите и е убедена дека поради тоа нејзините заби станале поцврсти. Тереза ​​им открила на новинарите дека во последно време јаде помалку камења. Се за љубов. Откако се омажи за Џим, таа доби поддршка и прифаќање од него.

Би можело да ве интересира

Бизарна смрт во Барселона – човек загинал барајќи си го телефонот во скулптура на диносаурус

Жарко Настоски

Индиска двојка за три години се селела 18 пати поради фобија од лебарки

Ана Ололовска

На денот на свадбата свекрвата дознала дека снаата и е родена ќерка

Ана Ололовска

Приказна што го шокираше светот: Го воспитувала 13 години, а потоа го завела, сега имаат бебе

Ана Ололовска

ВИДЕО: Само во Јапонија – фирма „купува“ човечки лица за 300 евра и прави морничаво реалистични маски

Жарко Настоски

Индиец се разбудил на сопствениот погреб, но починал утредента

Ана Ололовска