[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Бездомник од Канзас, Били Реј Харис врати вреден дијамантски прстен, кој случајно и паднал на жената која му давала пари. Сара Дарлинг, која на бездомникот му давала пари, не приметила дека токму во таа прилика и испаднал дијамантски прстен.
Таа наредниот ден забележала дека и недостасува прстенот и заминала кај Харис да го праша дали тој поседува некоја нејзина вредна работа.
Тој ја запрашал дали и недостасува прстен, а кога добил потврден одговор, веднаш и го вратил.
-Мојот дедо е свештеник. Тој ме одгледа од кога имав шест месеци и благодарам на Господ за тоа. Ме научи на вистинските вредности – изјави Били и додаде дека тој никогаш не би заработувал на нечија несреќа.
Дарлинг била многу изненадена кога го добила својот прстен, поради што му ги дала сите пари што и биле во паричникот.