Дека архитектурата може да биде многу возбудлива докажуваат новите откритија на истражувачите од Харвард, кои смислиле нов материјал за архитектура кој може да се печати во 3D технологија и кој е доволни силен да издржи тежина од неколку тони.
Истражувачите од Универзитетот Харвард развиле нови склопови на оригами материјал кој е стабилен но не поради составот, туку поради можноста за обликување. Преносливите куќи или станови можеби и не се толку далечна иднина, кога е во прашање архитектурата, откако се претставени нови склопливи материјали во 3D форма, кој може да ја менува големината и обликот.
Дизајниравме тродимензионална структура на тенки ѕидови која може да се користи во архитектурата, а чиј облик, волумен и цврстина може да се подесува и да се држи под контрола – рече Јоханес Овервелде, еден од истражувачите на Харвард.
Научниците користеле оригами техника која се вика snapology. Со преклопување на рабовите можно е да се добијат разни форми. Тој материјал ќе може да се уградува во сите услови, дури и во вода. Тоа остава многу можности за што подинамична архитектура, вклучувајќи ја и изградбата на преносливи куќи, прилагодување на фасадите, подвижни кровови, како и многу други можности.
Видеото во прилог најдобро ги покажува можностите на 3D технологијата и архитектурата на иднината.