Новата Летна школа за архитектура зазема алтернативен формат и почнува со меѓународен конкурс

Од:

Овогодинешната Летна школа за архитектура, организирана од Архитектонскиот факултет во Скопје, поради пандемијата од коронавирусот, годинава ќе заземе алтернативен формат. Темата на 29-тата сесија е „Омаж на заедништвото“ и активностите почнуваат в четврток, 16 јули, со отворање на меѓународен студентски конкурс.

-Досега, школата се одржуваше во прекрасниот предел на Лазарополе, а идните архитекти ќе имаат задача да проектираат мала архитектура која поттикнува заедништво во центарот на Лазарополе, информираат од Школата.

Периодот на регистрација на учесници е до 27 јули, а конкурсот завршува на 17 август. Студентите ќе имаат можност да се натпреваруваат со своите колеги во меѓународен контекст, пред комисија составена од архитекти и професори од Берлин, Љубљана и Скопје, велат од Летната школа.

На 28 јули на платформата „Зум“ ќе се одржи и онлајн отворање на Летната школа со воведен збор на деканот на АФС, обраќање на тема “Situating Togetherness” на раководителот на 29. сесија на Летна школа, поздравни обраќања на тимот на АФС и дискусија.

Повеќе информации за 29. Летна школа за архитектура може да се најдат на следниот линк: www.arh.ukim.edu.mk

Би можело да ве интересира

Пендаровски ја врачи годишната награда за најуспешно архитектонско дело во 2021 година

А1он

Архитектот Ѓоко Радовановиќ добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“

Велес неповратно ги губи старите автентични куќи, бисерот на староградската архитектура

Ана Ололовска

Архитектите се правдаат: Шилегов ни кажа дека нема пари за Универзална сала, затоа предложивме да се сруши, иако сметаме дека треба да се зачува

Искра Манојлоска

Водичот „Византиското наследство на Скопје“ на англиски јазик

Ана Ололовска

Промоција и трибина за книгата „Што е архитектура“

Ана Ололовска