Научници од Универзитетот во Луизијана со помош на подморница со далечиснко управување опремена со камери, успеале да направат снимка на досега најголемата позната риба во светот.
Станува збор за риба со латинско име Regalecus glesne, која првпат досега е снимена во нејзиното природно опкружување во водите на Мексиканскиот залив.
Биолозите, во соработка со една нафтена компанија која има платформи во Заливот, поставиле подводни камери и го снимиле подводен свет во реонот.
Рибата „уловена“ на видеото е долга околу 2,5 метри, но биолозите тврдат дека овие риби можат да пораснат и над 17 метри. Рибата е снимена на длабочина од 463 метри.
Интересно е да се напомене и дека ова е прва снимка на овој вид риба. Докази за постоењето на овие риби досега беа откриените нивни безживотни остатоци исфрлени на бреговите.