Елиот Садал (24) од островот Нентакит, крај брегот на американската сојузна држава Масачусетс, стана ѕвезда на интернет просторот откако по 45-минутна „борна“ успеа да совлада една ајкула.
Садал, кој вели дека ловењето ајкули му е хоби и дека досега „со голи раце“ уловил повеќе од 100, ловел со негови роднини кога од водата извлекол до пола изедена риба.
– На себе имаше загризи типични за ајкула, раскажува Садал, додавјќи дека ја вратил закачената риба за неговата јадица во океанските води со надеж дека така ќе го намами нејзиниот убиец во неговите раце.
Кога набрзо ја видел ајкулата и почувствувала дека се фатила на мамката, започнало тегнењето со цел да се измори морското куче и да го довлечка до брегот.
– Ми требаа околу 45 минути. Беше подолга од два метри и тешка околу 90 килограми. Секогаш на крајот ги пуштам. Не сакам да им наштетам, раскажа Садал по настанот.
Снимката од неговата „борба“ со ајкулата со неверојатна брзина стана еден од главните хитови на интернет.