ВИДЕО: Ал Пачино првпат во долгометражна ТВ-серија

Од:

Првпат, во својата над 50 години долга кариера како актер, Ал Пачино ќе се испроба и во ТВ-серија (не во мини-серија, туку со повеќе продолженија).

Приказната на „Ловци“ (Hunters) е сместена во Њујорк, во 1977 година, и го следи Мајер Оферман (Ал Пачино), водач на групата ловци на нацисти, кој претходно го преживеал холокаустот.

Тој дознава дека во САД тајно живеат стотици поранешни нацисти кои планираат „Четврти Рајх“, и тоа во Америка. Серијата е инспирирана од вистинити приказни.

– Никогаш досега не сум снимил серија од 10 епизоди. Тоа е нешто како 12-часовен филм… Патем, ова е луда приказна… Страшна, но и полна длабоки емоции, рече Пачино, кој во април полни 80 години.

Режисерот на серијата, Дејвид Вејл, меѓу другото, сака и да ги пренесе раскажувањата на својата баба што го преживеала холокаустот, нејзините искуства на војната за коишто тој ги слушал како дете.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска