Неодамна откриен нов вид на полжави го доби името по Џо Страмер, еден од најпознатите панк-рок музичари и лидер на групата „Клеш“.
Овие полжави живеат во океаните на длабочина од 3.500 метри близу до терминалните извори и нивниот јајцест оклоп е преполн со боцки, со што помалку потсетува на панкерите со „индијански“ фризури. Поради тоа научниците кои гo откrиле овoj вид полжави го нарекле Аlviconcha Strummeri по Џо Страмер.
– Затоа што личат на панкери од 70-те и 80-те години, затоа што крвта им е пурпурна и живеат во екстремни услови, одлучивме да ги наречеме по Џо Страмер, икона на панк-рокот, изјави Шенон Џонсон од истражувачкиот институт „Монтереј Беј Аквариум“.
Стремер не е прв рокер по кој е наречен некој животински видови. Така неодмана по Џони Лајдон од групата „Секс Пистолс“ името го добија изумрени видови на членконоги трилобити.
Научниците ја воведоа оваа практика, како начин да го привлечат вниманието на пошироката јавност на нивните отркитија.
На 22 декември ќе се навршат 12 години од смртта на Џо Страмер.