Важно е да се викаш В8, Луцифер, Правда…

Од:

Да се одбере име за новороденчето воопшто не е лесна работа. Сите родители сакаат на својата ќерка или син да им дадат убаво име, кое има некакво значење, а токму поради тоа некои од нив и премногусе занесуваат…

Нов Зеланд објави листа на имиња, кои родителите сакале да им ги дадат на децата, но се одбиени поради тоа што биле премногу бизарни, па дури и навредливи.

На листата се наоѓаат 77 имиња, кои властите ги одбиле, односно не им дозволиле на родителите такво име да му дадат на детето. Меѓу нив се Форрил (4Real), В8, Кралица Викторија. Родителите на едно бебе сакале да му го дадат името Луцифер, додека други се одлучиле за Анал.

Повеќе родители меѓутоа барале името на детето да биде проследено со титули, како принцеза, крал, војвода…Но нивните барања се одбиени.

Некои родители барале детето да го носи нивното име, но да им се додаде Втори, Третти, Четвртти…Најмногу пати е одбиено името Правда.

Но некои успеале да им дадат на децата бизарни имиња како „Станица на автобусот број 16 (Numbert 16 Bus Shelter) или Полноќно Шардоне (Midnight Chardonnay).

Судот во 2008 година им нареди на родителите, кои својата ќерка ја нарекле Талула прави Хула од Хаваи (Talula Does The Hula From Hawaii) да и го променат името и да престанат да го исмејуваат сопственото дете.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ