Ватикан: Супермен, Бетмен и Хулк се католици

Од:

Најголемите суперхерои се католици, тврди ватиканскиот весник Л`осерваторе Романо, кој во последно време се обидува да привлече верници преку поп културата. Весникот оцени дека меѓукатолиците се и најпопуларните стрип јунаци Супермен, Хулк и Бетмен.

Во текстот „Дали Хулк навистина е католик?“ ватиканскиот весник наведува пример од стрипот „Бетмен“ во кој неговиот алтер его Брус Вејн се моли покрај креветот како дете. Исто се тврди и дека мајката на Бетмен била католик.

За Хулк, ватиканскиот весник наведува дека овој супер јунак често држи бројаници.

– Покрај бројниците, Брус Банер, неверојатниот зелен човек, попознат како Хулк, се ожени со Бети Рос во црква, а церемонијата ја служеше католички свештеник.

Ватиканскиот весник тврди дека и Супермен е католик, иако тоа го оспорува и самиот Супермен. Новиот филм за него „Супермен: Човек од челик“ предизвика полемики за верското определување на ликот, бидејќи неговиот алтер его Кларк Кент е наизглед методиста. Меѓутоа, весникот повлекува паралела меѓу Супермен и Исус Христос, наведувајќи дека таа споредба се провлекува уште од 1932 година, кога стрип јунакот бил првпат нацртан.

Вистински католик, според весникот, е и Најткролер од филмовите „Икс мен“. Познат и како Курт Вагнер, мутант акробат, тој го прекрил своето тело со христијански тетоважи.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ