Вака изгледаат панталони стари три илјади години

Од:

За панталоните кои неодамна се ископани од еден гроб во Кина се верува дека се најстари кои некогаш се пронајдени во светот, а археолозите сметаат дека се стари околу три илјади години. Проценката на староста е направена со помош на тестови на радиоактивни атоми.

Според пишувањето на „Дејли Мејл“ во гробниците во Јангаи, од посмртните остатоци на двајца мажи се пронајдени многу добро сочувани панталони. Меѓу другите ископани предмети се камшик, парче од дрвен коњ, борбена секира и стрела. Сувата клима и топлите лета овозможиле да бидат сочувани посмртните останки, па уште во 1970 година на тоа место се ископани околу 500 гробови.

stariPantaloni1

Волнените панталони од гробницата во Јангаи потсетуваат на модерни панталони за јавање. Групата археолози од Германскиот археолошки институт во Берлин претпоставуваат дека токму номадите во централна Азија ги измислиле панталони за заштита на телото од надворешните влијание, но и истовремено да не им пречат при движењето, првенствено  при јавањето. Се верува дека почетоците на јавањето во Кина биле пред околу 3400 години.

Панталоните имаат шиени додатоци, по еден за секоја ногавица и уложок во пределот на препоните. Во половината се прицврстени со жица. Дека старите Кинези воделе сметка и за естетиката, сведочат и дизајнираните детали при дното на ногавицата.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ