Уметник исецкал 10.000 долари за хуманитарни цели

Од:

Уметникот Дастин Јелин во пресрет на својата нова изложба во Њујорк, исецкал банкноти во износ од 10.000 долари правејќи серија трудови под наслов „The Riches of God’s Love unto the Vessels of Mercy“, покривајќи го кафеното платно со исецканите банкноти.

Јелин во име на уметноста уништи пари од анонимен донатор, со цел привлекување на што поголем број купувачи кои доколку сакаат една ваква слика ќе мораат да издвојат 10.000 долари.

Целиот приход од продажбата ќе оди во хуманитарни цели и ќе биде потрошен за осум стипендии за ученици  од завршните класови на средните училишта кои сакаат да бидат уметници.

– Во еден момент се запрашав – која е поентата да се направи медиокритетски уметнички шоу кога веќе се е видено?, изјави овој уметник и додаде дека наместо просечните уметнички дела, смислил подобар начин да ги потроши донациите од 10.000 долари.

Парите, во апоени од 10 и 20 долари ги исецкал, потоа парчињата ги лепел на платно покриено со лепило.

– Свесни сме за тоа дека ги уништивме парите, но само за една цел – за да донесеме повеќе пари. Целта на уметноста не е естетска, ова е трик со намера, а тоа е единството што вреди во оваа приказна, рече овој уметник.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска