Украл камион и грабнал жена за да види како во живо изгледа играта „Grand Theft Auto“

Од:

За Захари Бурџис, студент од Универзитетот Обурн од Алабама, граница меѓу реалноста и виртуелното стана премногу тенка.

Како што пренесува Ен-Би-Си, Захари минатиот викенд бил во Батон Руж, заради фудбалскиот натпревар на студентските тимови „Обурн“ и ЛСУ. Тој тогаш украл камион, грабнал една жена и уништил девет паркирани возила обидувајќи се популарната видео игри „Grand Theft Auto“ да ја изведе во реалност.

Полицијата после апсењето наведе дека инцидентот се случил во саботата на 21 септември, нешто после 2,30 часот наутро по локално време кога во станицата е пријавена кражба на возила и „безумно возење“.

Бурџис украл камион, во кој сопственикот го оставил клучот, грабнал жена и ја држел во возилото. Во текот на возењето удрил девет паркирани возила. Во текот на испитувањето рекол дека сакал да види како би изгледало играта „Grand Theft Auto“ да ја преточи во реалност, соопшти полицијата.

Обвинет е за кражба возила,  нанесена штета на други возила (девет точки на обвинение), бегство и киднапирање. Пуштен е во неделата со кауција. Во инцидентот за среќа нема повредени, наведуваат од полицијата.

„Grand Theft Auto“ е една од најпродаваните видео игри на сите времиња. дејствието е сместено во измислен град каде играчите напредуваат низ нивоата и имаат споредни мисии кои вклучуваат разни илегални дејствија. Кражба на автомобили, како што и насловот кажува, е постојана тема на играта.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ