Угина последниот машки суматрански носорог во Малезија

Од:

Последниот малезиски мажјак од видот суматрански носорози угина, соопштија надлежните, а тоа е голем удар за напорите да се сочува ова загрозено животно од изумирање во оваа земја.

– Носорогот Там имаше 30 години и живеше во резерватот за диви животни на островот Борнео, откога беше фатен 2008 година, изјави Кристина Лиев, државна министерка за туризам, култура и животна средина.

Суматранскиот носорог, најмалиот од својот род, е прогласен за изумрен во дивините на Малезија во 2015 година. Стручните лица проценуваат дека во светот има само уште 30 до 80 суматрански носорози, главно на индонезискиот остров Суматра и на индонезискиот дел на Борнео.

Главни причини за изумирањето на овој вид, се изолацијата, спреченоста да се размножуваат и криволовот, па тој може и да изумре за неколку децении, тврди конзерваторската група Интернејшнл рајно фаундејшн.

Лиев додава дека генетскиот материјал на угинатиот мажјак е сочуван заради натамошни обиди за размножување преку вештачко оплодување.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он