Француската полиција уапси двајца Кинези кои сакале да ја платат хотелската сметка со монети од едно евро, сомневајќи се во валидноста на истите.
Полицијата ја повика сопственикот на хотелот во Багноле, во преградието на Париз, кој се сомневал дека Кинезите имаат лажни монети со кои сакале втора ноќ по ред да ја платат сметката. Но, утврдено е дека монетите се вистински, а уште е позачудувачки е податокот дека во кованици од едно евро имале дури 3.700 евра.
Кинезите објасниле дека парите ги добиле од трговец на стари автомобили довезени од Европа, кој пред рециклирањето детално ги пребарува автомобилите и во нив обично пронаоѓаат монети евра.