Уапсени бандитите кои пукаа во шетачот на кучињата на Лејди Гага, се товарат за обид за убиство

Од:

Американската полиција уапси пет лица кои се осомничени дека учествувале во грабнувањето на кучињата на поп ѕвездата Лејди Гага, при што и пукаа во човекот задолжен да ги шета двата француски булдози, и тешко го ранија.

Рајан Фишер беше застрелан во близина на булеварот „Сансет“ во Холивуд во февруари, кога неколкумина мажи излегоа од автомобил и му ги украдоа кучињата, а од инцидентот беше објавена вознемирувачка снимка.

Дрските бандити успеаја да грабнат две од трите кучиња на Гага, кои подоцна беа вратени откако таа понуди награда од половина милион долари. Третото куче, по име Мис Азија, за време на нападот побегнало и по кратко време се вратило кај ранетиот Фишер.

Инцидентот се случи додека Лејди Гага беше во Италија, каде го снимаше биографскиот филм „Гучи“.

Според окружниот обвинител на Лос Анџелес, Џорџ Гексон, нападот е дело на „дрски улични злосторници“.

На осомничените, доколку бидат обвинети и осудени, им се заканува казна затвор до 20 години, пишуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање на забава: Има мртви, неколку повредени

Предраг Петровиќ

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Инцидент во Гази Баба, маж пукал со пиштол

Почина жената која пред еден месец беше ранета од тетовец на патарина во Прешево

Орце Костов

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов