Туберкулоза и СИДА водечки причинители за смрт од заразни болести

Од:

Бројот на починати од туберкулоза по првпат се приближи кон СИДА-та како водечка причина за смртност од заразни болести, наведува Светската здравствена организација (СЗО), во извештајот објавен вчера.

Во 2014 година од туберкулоза (ТБЦ) во светот починаа 1,1 милион луѓе, а во истиот период ХИВ/СИДА, усмртил 1,2 милиони, меѓу нив 400.000 заразени со ХИВ и ТБЦ, наведува СЗО.

Извештајот покажува дека исклучителен успех во последните десет години е остварен во пристапот на заразени со ХИВ терапија која на многу од нив им помогнала да ја преживеат инфекцијата.

– Во исто време, податоците покажуваат дека со тие два светски убијци не се пристапува подеднакво, вели др. Марио Равиглионе, директор на програмата на ТБЦ во СЗО.

– Добра вест е дека од 2000 година лекувањето спасило живот на 43 милиони заболени од ТБЦ, но со оглед дека многу заболени може успешно да се лекуваат, стапката на смртност „неприфатливо е висока“, вели Равиглионе.

Извештајот е составен на база на податоците од 205 земји и територии за сите аспекти на ТБЦ, вклучувајќи и облици отпорни на лекови.

– За терапија за ХИВ/СИДА се издвојуваат десет пати повеќе пари отколку за ТБЦ, па за ХИВ/СИДА, се потрошени осум милијарди, а за ТБЦ 800.000 долари, вели Равиглионе.

Една од причините е што ХИВ/СИДА ги погодува сиромашните земји на Африка, а ТБЦ преовладува во земји како што се Индија и Кина, кои можат сами да го финансираат домашното здравство.

Би можело да ве интересира

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски