Прв ден од есента! Некои ќе речат дека есента е најубавото време во годината, а други дека есента е само знак дека времето се менува на постудено и наскоро доаѓа зима.
Време е кусите маици да ги замениме со нешто потопла облека. Летото ги „спакуква куферите“, а есената го помина влезниот праг – денеска е првиот ден на есента.
Постудените денови не значат и потмурно расположение, бидејќи есента има некои адути кои ги нема летото. Еве го прегледот на осум нешта, поради кои есента има предност пред летото.
1. За време на есента луѓето подобро спијат, поради пониските температури.
2. Јаболките се природен избелувач на забите и можат да спречат Алцхајмеровата болест.
3. По долгите врели денови, лисјата на дрвјата ги добиваат најживите бои во текот на годината.
4. Првиот и последниот ден на есента се менуваат за околу 24 часа секоја година, бидејќи Земјината орбита не е совршена.
5. Заладувањето на луѓето им испраќа сигнали да се зближат, што есента ја става на врвот годишни времиња за вљубување.
6. Аромата од пита од тиква е природен афродизијак.
7. Некогаш тиквите се препорачувале за остранување на пеги и лечење на гризнување на змија.
8. Првиот ден од есента е еден од двата дена во годината кога можете јајце да поставите да стои исправено.
Во другиот дел на прегледот, проќитајте уште некои факти околу есента. Крајот на летото и почетокот на есента се вика уште и есенска рамнодневница. Ноќта и денот еднакво траат- по 12 часа, а тој феномен се јавува уште и во пролет, а идниот ќе биде на 20 март наредната година.
Еве го и вториот дел на прегледот
1. Сезона аурора
Покрај прекрасните бои на лисјата, есенската рамнодневница сигнализира уште еден светлосен спектакл – оној на северните светла, односно aurorа borealis.
Според НАСА, геомагнетната бура двојно почесто се појавува во есен отколку во кое било друго време во годината, пренесува Live Science.
2. Животните реагираат на есен
Живите суштества реагираат на промената на светлото кое доаѓа со есента. Дрвјата ги отпуштаат лисјата, а некои животни се подготвуваат за зимски сон, односно хибернација.
Есента кај некои животни носи и многу необични и видливи промени, па така кај сибирските глувци тестисите растат до 17 пати, што е јасен сигнал за размножување.
3. Есенски полна Месечина
Есента има и своја полна Месечина, која уште се нарекува и Жетвена Месечина Тоа име го добила затоа што некогаш земјоделците го користеле светлтото на првата полна Месечина во есента за да ја извршуваат жетвата и навечер, после плодното лето.
4. Зошто лисјата ја менуваат бојата
Климатските промени предизвикуваат реакција кај лисјата на постудени температури и помалку светлина. Лисјата тогаш престануваат да произведуваат хлорофил (зелени пигменти) кои им помагаат во фотосинтезата.
Бидејќи зелениот пигмент почнува да исчезнува, до израз доаѓа портокаловиот и жолтиот пигмент каотеноид. Силно црвената боја е резултат на антоцијанин, пигмент кој лисјата го произведуваат наесен.
5. Кога паѓа рамноденицата
Есенската рамноденица секоја година паѓа на друг датум, но најчесто е на 22 септември, како што тоа беше вчера. Рамноденицата знае уште да биде и на 23 септември, но во 1931 година се случи и на 24 септември, а причина за тоа е тоа што грегоријанскиот календар не ја следи совршено позицијата на Земјата во орбитата околу Сонцето.
Земјата треба за 365.25 ден да направи круг околу Сонцето па датумот на есенската рамноденица е малку поинаков секоја година. Сепак, рамноденица следен пат ќе биде на 24 септември дури во далечната 2303 година.