Бука – Сараево
Она во што верувате и она во што не верувате е нераскинливо поврзано. Понекогаш многу полесно е да се гледаат работите во кои дефинитивно не сакате да верувате, со цел за наоѓање на она во што сакате да верувате. Во следните 13 работи никако не треба да верувате, бидејќи тие всушност се лаги во секојдневниот живот.
1. Уште пет минути сон ќе ми помогне. Копчето за поместување на алармот на часовникот или на мобилниот телефон, се чини како добра идеја кога сте поспани, но повеќе корист ќе имате ако одите порано на спиење наместо постојано да го прекинувате сонот на секои пет минути во тек на половина час. Всушност, истражувањата покажуваат дека користењето на ова копче прави повеќе лошо од добро.
2. Потребно ми е _____ за да бидам среќна. Единствен збор кој се вклопува во празното поле е задоволство. Идејата дека ви е потребно што било друго не е вистинита.
3. Сите (тип на лице) се (атрибут). Стереотипите не само што навредуваат други луе, туку тие не прават добро на тие кои веруваат во нив. Ако претпоставите, на пример, дека сите мажи се кретени, бидејќи знаете некои кои навистина се, ќе ја пропуштите можноста да запознаете толку голем број од нив, кои вистина се прекрасни.
4. Јас сум подобра или полоша од другите. Луѓето можете да ги сортирате според тежина, височина, приходи, раса, омилен спортски тим, но сите ние сме човечки суштества, сите сме важни и вредни. Имаме различни атрибути, вештини и способности, но ниту еден човек не треба да се дефинира според нив.
5. Не можам да се променам. Промените се можни, ако се обидувате да ги направите на вистински начин. Повеќето жени се обидуваат да променат се одеднаш, а тоа не функционира. Промените треба да се прават методички: ви треба време за тие да се обработат и прифатат.
6. Обидувањето е залудно. Обидувањето е се! Ако не се обидувате, тогаш што правите? Каде стоите? Ако не се обидете, тогаш нема ни да знаете!
7. Светот е против мене. Општо зборувајќи, светот не е против вас, а ни на ваша страна. Имајте на ум дека вие го учите светот како тој да ве третира. Светот не е против вас, можеби едноставно се уште не ве забележал. Поработете на тоа.
8. Премногу сум млада или стара нешто да променам. Ако малку погледнете низ историјата, ќе видите дека ја обликувале жени на сите возрасти. Не ја користете својата возраст како изговор. Користете ја како дополнителна мотивација.
9. Ако не сум мотивирана, не можам да делувам. Мотивацијата не претходи на акцијата, таа ја следи акцијата и делата. По одработените работи, ќе бидете мотивирани да напредувате.
10. Луѓето не ме сакаат. Може да е точно на некои луѓе да не им се допаѓате, но не има над седум милијарди на оваа прекрасна планета. Пронајдете ги своите луѓе.
11. Не сум доволно талентирана. Талентот не е ни приближно важен како вежбањето. Природниот талент помага, но тешко дека тој е основен фактор за пробој или застој.
12. Јас сум жртва. Апсолутно неточно. Можеби и сте биле во некој момент од својот живот, но секогаш имајте на ум дека жртвите не се во состојба да создаваат свој сопствен пат. Без оглед на тоа што ви се случило во животот, веќе денес можете да почнете да создавате свој нов пат и нов живот.
13. Моите соништа се мртви. Вашите соништа живеат додека вие живеете. Тоа е најлогичниот начин на кој можете да ја согледате дадената состојба.