Австралијанката Керол Ен Брајс на своја кожа почувствувала што значи сонот да стане јаве. ПРед околу десет години, таа започнала да сонува еден ист сон. Наутро се будела препотена, а срцето и чукало силно како да ќе и излезе од градите. Најпрво мислела дека тоа е некое лошо претчувство и дека нешто лошо ќе се случи на некој член од нејзиното семејство, меѓутоа во прашање била токму таа.
„Полни три месеци сонував дека имам рак на дојка. Секое утро се проверував, но не наоѓав никаква промена. Само Господ знае зошто навреме не отидов на контрола туку седев дома и размислував. Мислам дека потсвесно се плашев дека е вистина. За жал, тоа беше вистина. Тоа го дознав при првиот преглед. Докторот рече дека се појавил рак и дека постои добра шанса на време да се отстрани и да го победам“, вели Керол.
Така и било. По низата хемотерапии и многу потрошени пари за лечење, Керол го победила ракот.
„По неколку години тој се врати и повторно пред тоа сонував дека го откривам. Сега реагирав веднаш. Благодарение на одличните доктори повторно е отстранет“, вели Керол.
Таа со сопругот Брентом минатата година ја објавија книгата „Сонот значи живот“.
„Денес гостувам на предавања низ земјите, се обидувам да им помогнам на луѓето на време да обрнат внимание на знаците. Од друга страна, со времето станав и експерт за сонови, па така препознавам во разговорите со другите што ги мачи и на што во нивното јаве би требало да внимаваат“, вели Керол.