Татко ја ишишал ќерка сѝ ќелава, оти ѝ се потсмевала на соученичка болна од рак

Од:

Татко на тинејџерка, на Редит откри дека ја натерал својата ќерка да си ја избричи главата. Поранешната сопруга била многу вознемирена поради неговата родителска постапка, но тој тврди дека имал добра причина за таква казна…

Девојката ѝ се потсмевала на соученичка болна од рак.

„Мојата поранешна сопруга и јас имаме 16-годишна ќерка. Имам старателство над неа бидејќи мојата сопруга се пресели кај нејзиното ново семејство. Го спомнувам ова зашто не се консултирав со мојата сопруга пред мојава постапка и таа сега ме осудува мене. Мојата ќерка неодамна ѝ се потсмеваше на соученичка која ја загубила косата поради лекување од рак. Таа дури ѝ ја симнала периката. Наводно, тоа било продолжение на претходна расправија меѓу нив двете – што не е изговор за однесувањето на ќерка ми. Јас не ја воспитував ќерка ми да се однесува така кон луѓето. Бев згрозен од нејзиниот став“, објаснува таткото.

За да бидат работите уште полоши, ќерка му не се покајала за однесувањето.

„Смета дека девојката (со ракот) го заслужува тоа… Така, ѝ дадов на мојата ќерка две можности за казна – одземање на цела електроника, вклучително и мобилниот телефон, што таа никогаш нема да го направи, а јас никогаш нема да ѝ купам друг, или – да одиме на фризер и да си ја избричи главата“, заклучува таткото.

Некои следачи само се надеваат дека девојчето ќе сфати дека омразата и инаетот не решаваат ништо.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ