СЗО: Глобална закана за отпорност на антибиотици

Од:

Отпорноста на антибиотици претставува значајна глобална закана, предупредуваат експерти на Светската здравствена организација (СЗО).

Анализата на податоците собрани во 114 земји покажала дека отпорноста на антибиотици е присустна во сите делови на светот.

Ако итно не се преземат значајни противмерки, светот би можел да се најде во „пост-антибиотска ера“, во која вообичаените инфекции досега излечливи со антибиотици ќе станат смртоносни, предупредуваат експертите.

Новото истражување било фокусирано на седум видови бактерии одговорно за низа релативно чести болести, како дијареа, воспаление на бели дробови и инфекции на крвта.

Се покажало дека некои клучни антибиотици веќе не се ефикасни кај над половината лица заразени со овие бактерии.

Причината на забрзана мутација на бактериите и развојот на отпорноста на антибиотици лежи во претераната примена на антибиотиците и фактот дека многу пациенти препишаната терапија не ја земаат во целост.

СЗО предупредува и на неопходноста од развој на нови антибиотици.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО