СЗО бара забрана на електронските цигари

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) побара денеска забрана на продажбата на електронските цигари за малолетници и нивна употреба во затворени простории.

Организацијата бара и да им се забрани на производителите да се рекламираат со здравствени препораки, како што се оние дека е-цигарите помагаат при одвикнување од пушење, се додека „не приложат соодветни научни докази или да добијат потврда од регулаторните тела“.

Продажбата треба да се забрани за малолетниците, а на опаковките треба да стои натпис дека претставуваат опасност за младите и бремените жени.

Според СЗО, „постојат доволно докази децата, тинејџерите и бремените жени да се предупредат против употреба на електронските никотински инхалатори бидејќи изложеноста на никотин има долгорочни последици за развојот на мозокот“.

Забраната за употреба во затворени простории треба да стапи во сила, порачува СЗО, додека не се докаже дека никотинските испарувања не се штетни за околината.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО