На роденденот на единаесетгодишно момче не дошло ниту едно другарче па неговиот татко го сликал сам покрај тортата, а сликата брзо се прошири на социјалните мрежи. Момчето не можело ниту да замисли што ќе се случи потоа.
„Мојот син Кејд организираше роденденска забава претходната вечер. Ниту еден од поканетите пријатели не дојде. Тоа боли“, напиша на „Твитер“ таткото на момчето кој ја објави фотографијата.
My son Kade had his 11th birthday party last night. None of his invited friends came. That hurt. I’m asking my Twitter friends to show him some love today. If you have a minute, please send him a birthday wish. @Marner93 @91Tavares @MapleLeafs #LeafsForever pic.twitter.com/kn0vP1l6z8
— Jason Foster (@NLWildlife) November 3, 2019
Таткото се обидел да го утеши Кејд, па ги замолил своите пријатели да покажат малку љубов и да му напишат роденденска честитка.
Toj го означил и хокерскиот тим „Toronto Maple Leafs” како и и хокерите кои неговиот син ги обожува.
Набрзо честитките почнале да пристигнуваат од сите страни, помеѓу честитките убави желби на Кејд му посака леи актерот Бен Стилер и канадскиот премиер Џастин Трудо.
Не можеме да разбереме што се случи денеска. Кејд и останатите од семејството се воодушевени. На сите што му пративте порака на Кејд ви благодарам од срце. Тој е неверојатен син и овој ден никогаш нема да го заборави, додаде гордиот татко.